среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Фејсбук непробоен за политичките пораки – го ограничува таргетирањето

Нaјновите напори на социјалната мрежа Фејсбук за поголема заштита на приватни податоци на корисниците во голема мерка ќе го отежни пласирањето на таргетирани политички пораки на многу кампањи.

Промените што ги објави социјалната мрежа по скандалот со кражбата на  податоците на 87 милиони членови на Фејсбук од Кембриџ Аналитика би можеле да имаат клучно влијание врз кампањите.

Новите напори за заштита на приватноста би можеле може да го ограничат “микротаргетирањето” со помош на социјалната мрежа, техника која успешно беше користена од кампањата на Доналд Трамп во 2016 година, но и од други.

-Микротаргетирањето е многу значајно за кампањите, бидејќи тие треба да одлучат каде ќе ги потрошат парите и која ќе им биде целната група, вели рече Џозеф Хол, главен технолог на Центарот за демократија и технологија. Тој води истражувачки проект за изборна приватност и безбедност.

-Секое ограничување на собирањето податоци ќе има голем ефект врз кампањите, смета тој.

Микротаргетирањето не е новина –  маркетинг експертите користеле јавно достапни уште пред ерата на интернетот, но проблемот со собирањето податоци од социјалните мрежи им ја олесни можноста за идентификување на деловите од популацијата врз основа на заработката, политичката наклонетост и друго фактори.

Консултантите за кампања истакнуваат дека Фејсбук не е извор на податоци за гласачите – со исклучок на Кембриџ Аналитика – туку алатка за насочување на реклами врз основа на податоци собрани од други извори.

Всушност, она што сега го прави  Фејсбук е да го отежни користењето на софтверски алатки за автоматско поврзување на корисниците на социјалната мрежа со други работи.

-Можам да ги поврзам жените на возраст меѓу 21 и 35 години сп Планирано родителство, но не можам да го направам тоа со. да речеме, конкретно некоја Мери Смит, објаснува анонимен политички оперативец од редот на демократите.

-Не верувам дека ќе можеме и натаму да ги таргетираме гласачите точно и за малку пари, како во последниве години, вели тој.

Но, Џул Полонецски, извршен директор на “Форум за иднината на приватноста” вели дека “ова не е само проблем на Фејсбук”, бидејќи консултантите и кандидатите можат да добијат детални податоци за избирачите од други, понекогаш “површни” извори, како и тоа дека политички консултанти користат различни начини на рекламирање за да се стигне до “разочараните” гласачи, што пак може да доведе до „запалливи“ реклами, без разлика дали преку социјалните медиуми, електронска пошта или други методи.

-Очекувам кандидатите да сторат сé што е можно за да победат, користејќи ги сите расположливи податоци што можат да ги изложат и за тоа подoцна да се извинат, рече Полонецки.

Крис Вилсон, извршен директор на политичката консултантска група WPAi, кој работи со републикански кандидати, пак, смета дека сепак нема да оди премногу далеку во ограничувањето на користењето на податоците од социјалните медиуми.

– Ако ние бидеме премногу агресивни, а Фејсбук ги промени своите правила, така што не можеме да ги правиме истите работи како Netflix или Spotify на индивидуално ниво, тоа ќе биде тажно за иднината на демократијата, смета тој.

Мајкл Корнфилд, политички научник од Универзитетот Џорџ Вашингтон кој води истражувачки проект за социјалните медиуми во кампањите, смета дека фокусот на јавноста за Фејсбук и приватноста е веројатно минлив и нема да има влијание на претстојните избори.

Корнфилд очекува кампањите да ја користат видео-платформата на Фејсбук во живо и да ја зголемат употребата на вештачка интелигенција за таргетирање на гласачите.

Фејсбук, исто така, вети дека ќе ги обележува и ќе ги открива и рекламите за актуелни политички прашања  кои не се поврзани со конкретни кандидати.

Но, според Јанг Ми Ким, професор на Универзитетот во Висконсин, кој раководел со истражување во 2016 година за политичко рекламирање на Фејсбук, смета дека малку е веројатно ова да се спроведе.

Според него, ќе биде тешко да се дефинира поимот реклама, бидејќи дури и креаторите не се целосно согласни околу тоа што означува. Затоа, тој смета дека Фејбук нависина ќе има проблем да дефинира што е политичко рекламирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top