петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 107 ново

Денеска ќе гори „Јане Сандански“, Вардар ја почнува завршната битка за Ф4

Вардар денеска со почеток од 17:00 часот (сала „Јане Сандански“) ќе ја почне завршната битка за плсман на фајнл-фор турнирот во Келн, а Кил не смее да го преживее пеколот во „Јане Сандански“.

На Вардар му остануваат уште 60 минути до пласман на завршниот турнир во Келн, европскиот шампион игра уште една моќна сезона во Лигата на шампионите, а силата треба да биде потврдена вечерва.

„Црвено-црните“ со победа се вратија од Германија, но Раул Гонзалез и ракометарите се свесни дека не смеат да се опуштат во дуел со Кил кој игра во голема форма во Бундеслигата.

За „Ел Команданте“ ова ќе биде последниот меч во Скопје во рамките од Лигата на шампионите како тренер на Вардар, исто како и за Абутовиќ, Циндриќ, Штербик, Македа, Кањељас и Марсениќ.

– Имаме еден гол разлика од првиот натпревар и сметам дека овој резултат е добар. Сега играме дома и пред нашите навивачи. Сепак, не се опуштаме свесни сме дека Кил има квалитет. Има одлични ракометари кои ќе знаат да се снајдат и во Скопје. На првиот меч играа добро 3-2-1 одбрана, а за нас беше тешко да нападнеме против оваа одбрана. Моите ракометари се подготвени и сакаме уште еднаш да играме во Келн. Сите сметаат дека во Скопје ќе немаме проблем. Сите очекуваат од нас да победиме. Ќе играме под притисок, а свесни сме дека ќе биде тешко бидејќи имаме одличен противник за ривал – вели Гонзалес.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top