петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 3 ново

Без овој документ нема да можете да влезете во Грција: ЕУ воведува нови правила!

Граѓаните кои се надвор од шенгенската зона, вклучувајќи ја и Македонија и другите држави на Западен Балкан во иднина ќе мораат да бараат дозвола за влез во земјите кои припаѓаат на овие зони и тоа ќе ги чини 7 евра. Како што е планирано, оваа мерка ќе стапи на сила во 2021 година.

Одлуката за наплата на влез во Шенген зоната, веќе ја потврдија амбасадорите на ЕУ, но тоа треба да го направи и Европскиот парламент и да го усвои Советот на министри на ЕУ.

Инаку ова не е новина, бидејќи предлогот за воспоставување на новиот Европски систем за одобрување на патувањата (ЕТИАС) постои уште од 2016 година, а една година подоцна го потврди и Одборот за граѓански слободи(ЛИБЕ).

И минатата година, кога се разговараше за оваа идеја и сега кога таа конечно е најавена за имплементација, граѓаните на Западен Балкан не се посебно среќни, што поради плаќањето за влез во ЕУ, што поради дополнителната бирократија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top