сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 5 ново

Соња Стојменска Елзесер е нов претседател на ДПМ

Соња Стојменска Елзесер е новиот претседател на Друштвото на пистели на Македонија (ДПМ). На денешното Собрание на асоцијацијата таа доби поддршка од 74 членови на ДПМ. Нејзина противкандидат за функцијата беше Оливера Доцевска за која гласаа 13 членови.

Новата претседателка доаѓа на местото на Веле Смилевски.

Стојменска Елзесер е есеист, критичар и книжевен научник, доктор по филолошки науки, професор и научен советник во Институтот за македонска литература при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе го води Друштвото на писатели на Македонија во наредните четири години.

Доцевска е поетеса и есеист, правник од Куманово со адвокатска канцеларија во Скопје.

ДПМ годинава одбележува 71 година од своето формирање. Негов прв претседател беше Блаже Конески.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top