понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 6 ново

Бил Козби во домашен притвор до правосилност на пресудата

На комичарот Бил Козби му е одреден куќен притвор во неговиот дом во Филаделфија додека не се донесе конечна пресуда по обвинението за сексуално вознемирување.

По наредба на судија, Козби мора да носи и џи-пи-ес уред за следење.

Откако Козби беше осуден по три точки од обвинението за дрогирање, злоупотреба и вознемирување на неговата поранешна пријателка Андре Констанд во 2004 година, и доби за секое од нив по 10 години затвор, судијата предложи да биде дозволено да се движи во околината Монтгомери, каде што се наоѓа неговиот дом.

Според оваа судска наредба, дозволено му е да го напушти домот само за да се сретне со своите адвокати или да добие медицинска помош, но прво мора и за тоа да добие одобрение.

Козби (80) останува на тврдењето дека е невин.

Констанд е само една од 50-те жени кои го обвинуваат Козби за сексуален напад, а сите останати обвиненија се сметаат за застарени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top