недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Годинава повисок износ на К-15

Просечната нето-плата по вработен во февруари 2018-та година изнесува 23.158 денари и според објавените податоци на Државниот завод за статистика бележи зголемување од 3.6 проценти во однос на истиот месец лани.

Според извештајот, зголемувањето се должи, пред се, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: рударство и вадење камен (за 14.5 проценти), преработувачка индустрија (за 10.7 проценти) и информации и комуникации (за 10.5 проценти).

Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Уметност, забава и рекреација за 26,4 отсто, Транспорт и складирање за 11,7 отсто и Рударство и вадење на камен за 9,9 проценти.

Просечна месечна бруто-плата по вработен во февруари 2018 година изнесува 33.994 денари

Како ова влијае на останатите работници?

Имајќи ја предвид методологијата по која се утврдува минималниот и максималниот износ на регресот за годишен одмор или популарно наречен К-15 (минималниот износ не треба да биде помал од 40% од просечната нето плата во последните три месеци пред исплата, односно не треба да биде поголем од 40% од просечната бруто плата во последните три месеци пред исплата) редовното месечно зголемување на просечната нето и бруто плата гарантира и исплата на повисок износ за К-15 кој годинава ќе започне да се исплаќа од 1 јули, па се до крајот на годината, односно 31 декември.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top