вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 65 ново

Мицкоски: Ако се работело за организирано сценарио на 27 април, тогаш видете кој профитираше, СДСМ од опозиција стана власт

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното гостувањето на емисијата Клик Плус на ТВ21 рече дека најголемиот губитник од настаните на 27 април е ВМРО-ДПМНЕ.

-Најважната работа е кој добива од тие настани. ВМРО-ДПМНЕ секако не добива од тие настани а не добива ни Македонија. Но некој друг го промени својот политички статус и од опозиција стана позиција. Од пратеници и луѓе кои што го уриваа во тој момент системот, палеа, фарбаа кршеа канцеларии станаа министри, директори и за мене тоа е социјален исчекор во нивниот живот. Тоа значи дека не само што политички напредувале туку и во одредена мерка тие луѓе се стекнале со некаква додадена вредност во нивните животи. Не е ВМРО-ДПМНЕ кој од тие настани профитираше туку сосема некој друг, рече Мицкоски.

Според него потребно е овој случај да добие конечна разврска. Тој притоа посочи дека врз основа на она што и е презентирано на јавноста овој случај каде луѓе се обвинети не верува дека ќе добие таков епилог како што некој посакува да добие.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го посочи и апсењето на дел од пратениците каде се влегло со специјалци во домовите на пратениците без притоа да се внимава дека тие луѓе се со имунитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top