среда, 15 август 2018 | Вести денес: 34 ново

Кире Лазаров заминува од Нант, познато името на новиот клуб

Помалку можеби и неочекувано меѓутоа постојат шанси Кире Лазаров после само една сезона да го напушти амбициозниот француски тим Нант. А клубот за кој португалските медиуми објавија дека би можел да биде следниот тим на најдобриот десен бек во светот во последните 10 години, е клуб за кој македонските ракометни фанови никогаш не би кажале дека е можно да го видат Кире во нивниот дрес.

Медиумите во Португалија објавија дека португалската Бенфика преговара со Нант, каде Лазаров дојде минатата година од Барселона. Капитенот на македонската ракометна репрезентација има договор на уште една година со францускиот тим, па останува да видиме дали Нант ќе го пушти.

Инаку следната година во Бенфика ќе игра репрезентативниот голман Борко Ристовски, па доколку се реализира трансферот на Кире, тие втор пат би биле клупски соиграчи, откако до лани заедно беа во Барселона, каде Борко игра и оваа година. Во минатото во Бенфика настапуваше еден репрезентативен голман на Македонија, станува збор за Никола Митревски.

Инаку, Бенфика има навистина амбициозен проект за следната сезона, покрај Ристовски и Лазаров во клубот би требало да пристигнат уште неколку познати светски имиња.

Моменталниот клуб на Кире Лазаров, оваа година игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите и има големи шанси да се пласира на завршниот турнир во Келн.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top