понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 68 ново

Седумгодишно дете силувано од школски другар, мајката очајна: Мојот син повеќе не е ист, постојано плаче, а никој нема да одговара

Исповедта на мајка на осумгодишно дете за шокираше јавноста во Велика Британија, откако откри дека нејзиниот син е силуван и тоа од страна на другар од училиштето.

Како што открива Сара во гостувањето кај Викторија Дербшир на Би-Би-Си, нејзиниот син бил повикан од другарот да оди кај него дома да си играат со лего коцки. Како што вели таа, при влегувањето во детската соба, тој ставил столица на креветот и му кажал на нејзиниот син да се соблече и да му ги покаже гениталиите. После тоа, тој го силувал детето, но му кажал за тоа никого да не збори и дека ќе му биде многу лут ако го направи тоа.

Како што таа открива подоцна, ова не било прв пат ова дете да се обиде да направи слично дело, затоа што такво нешто се обидувал во неколку наврати.

Таа го открила ова гнасно дело откако нејзиниот син бил видно вознемирен.

Меѓутоа, силувачот нема да биде законски санкциониран, а тоа поради неговите години, момчето има само осум години.

Говорејќи понатаму за овој инцидент, како и во бранот сексуално насилство меѓу врсниците, кој е во пораст во Велика Британија, таа вели дека нејзиниот син има големи последици.

-Тој веќе не е истото момче, редовно има проблеми со расположението. Секогаш плачеше и плачеше. Се јавивме во полиција и во училиштето кога дознавме. Од полицијата ни рекоа дека малку што можат да направат бидејќи детето ги има годините кои ги има. Знаете, прилично е страшно да го прифатите фактот дека се случило нешто одвратно, а да нема никакви последици за кривецот. Тоа е потполно погрешно, изјави мајката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top