среда, 15 август 2018 | Вести денес: 15 ново

Навивачко „самоубиство” во Аеродром

Во малата сала во Јане Сандански на мечот меѓу МЗТ Скопје и Блокотехна во рамките на 7 коло во Суперлигата беше истакнат транспарент со навредлива содржина.

Цел на овој атак беше сопственикот на гевгелиската екипа кој што е еден од ретките во Македонија што троши свои пари за да прави кошарка и не се храни од државната каса.

Пропозициите велат санкција од 50.000 денари и еден меч без публика ако овој момент стигне до канцеларијата на Комесарот за натпреварување преку официјалните документи за овој меч.

По реакцијата на судиите транспарентот беше дислоциран но не и отстранет туку повторно развиорен а од трибините се слушаше најневкусното можно навивање.

Дури по вториот прекин овој навредлив дел од декорот во аеродромскиот кошаркарски дом беше комплетно отстранет од салата.

МЗТ Скопје е институција која што не заслужува вакви моменти а оние што го смислиле ова нека ѕирнат лево на фотографијата под нивниот банер и нека учат како се сака клуб и како се навива.

Извор:basketball.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top