вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Авичи во филмот за својот живот: Им реков дека ќе умрам ако продолжам, но им беше сеедно (видео)

Филмот „Авичи: Вистински приказни„ (Avicii: True stories) излезе во октомври минатата година и помина релативно незабележано од пошироката јавност. Кон почетокот на април филмот во кој сега веќе починатиот диџеј зборува за својот живот, стана достапен на сервисите како Нетфликс, но по смртта на музичарот беше повлечен.

Филмот го потпишува долгогодишниот пријател на музичарот, Леван Цикуришвили, кој цели четири години го снимал Тим Бергилинг, попознат под уметничкото име Авичи.

– Гледајќи како му соопштува на својот тим дека се повлекува, а потоа и на целиот свет, дури сега за жал ја имаме целосната слика за тоа под колкав притисок се наоѓал. И покрај проблемите со менталното здравје и битката со алкохолизмот, продолжуваше да настапува, пишува „Дејли Мејл“.

Наводно Авичи заработувал и по четири милиони долари за вечер работејќи на најексклузивните приватни забави, но овој гламурозен ноќен живот носел и голема цена.

– Сите кои ме познаваат, знаат дека страдам од анксиозност. Бев многу отворен со целиот тим, луѓето кои со години ме познаваат, кога решив да се повлечам. Очекував поддршка, знаат низ што поминав. Им реков дека ќе умрам ако продолжам, изјавува младиот ди-џеј во документарецот и открива:

– Не очекував дека ќе вршат дополнителен притисок врз мене по секоја цена да не се повлекувам од сцената. Видоа колку ми е лошо, но сеедно, ме тераа да продолжам понатаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top