вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 42 ново

Специјално признание за Благој Нацоски во Русија

Македонскиот оперски пејач, светски познатиот тенор Благој Нацоски кој изминативе години работи во Италија, во Миланска скала, доби престижно признание на Меѓународниот фестивал „Вива Опера“ кој се одра во Русија.

-По 15 години кариера и повеќе од 80 изведби на Севилскиот Бербер, односно улогата на Грофот Алмавива, при моето деби во Русија на Меѓународниот Фестивал Вива Опера, добив специјално признание за изведбата на оваа улога односно за “…високо изведувачко мајсторство, автентична боја на гласот, префинета музикалност и брилијантен темперамент во изведбата на улогата…”

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top