сабота, 17 ноември 2018 | Вести денес: 48 ново

Претседателот на Панатенаикос удри по играчите – на листа се најдоа и мајките и жените и децата на кошаркарите!

Чудни се патиштата по кои шесткратниот европски шампион Панатенаикос се одржува на врвот на европската кошарка. Клубот кој има можност секоја година да игра во најелитното клупско натпреварување во Европа – Евролига, има претседател кој не се воздржува да каже дека не посакува неговиот тим да учествува во тоа натпреварување, и воедно плаќа драконски казни поради своите ексцеси. Сето ова му се случува на шесткратниот евролигашки шампион Панатинаикос, пред се поради контроверзниот сопственик – Димитрис Јанакопулос, кој ужива на свој начин на чело на овој тим.

Јанакопулос притоа им ја олеснува работата на новинарите со своите екцентрични изјави, полнејќи ги рубриките со своите испади во јавноста и непочитиувањето на некои реномирани личности.

Каде би бил ПАО без Димитрис, најверојатно каде што е и сега, но без фамилијата Јанакопулос, е тоа е веќе друга приказна. Семејството Јанакопулос е сопственик на грчката фармацевска компанија “VIANEX”. Павлос и Танасис се заслужни за целото богатство на фамилијата, додека Димитрис, кој е син на Павлос, има “мало”, но значајно богатство. Тој чекаше, чекаше, чекаше и на крај дочека.

Браќата Јанакопулос го предводеа овој клуб од 1992 година, кога премина на професионално ниво, со кус прекин на претседателството, а од 2012 година Димитрис целосно го презема клубот и го предводи до ден денеска.

Една од многуте изјави ќе остане запаметена од Јанакопулос, а таа е кога грчкиот клуб славеше на домашен терен против ЦСКА Москва во 2015 година. Јанакопулос за време и по натпреварот физички и вербално ги нападна судиите поради што доби казна од 150.000 евра.

Една минута откако влеговме во соблекувалната вратата беше турната и отворена од господинот Јанакопулос и уште две лица. Фрли голема свеќа кон Анкарлија, но погоди столче. Беше премногу агресивен, го држевме јас и еден од неговите луѓе. Постојано се дереше: “Ќе ве убијам, нема да излезете од Грција. Ова ви го ветувам – Ќе ве убијам вас и вашата фамилија. Ќе ви ја е*ам и мајката, и жената и децата, и тоа пред ваши очи”. Тоа се случуваше некои две минути и во ниту еден момент не дојде обезбедување да ја среди ситуацијата, стоело во извештајот по натпреварот.

И оваа сезона Јанакопулос беше казнет со над 200.000 евра од страна на Евролига, пред се поради присуство во “ОАКА” арената за време на евролигашките натпревари против Реал (М) и покрај тоа што има забрана од половина година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top