вторник, 16 октомври 2018 | Вести денес: 0 ново

Грчкото МНР го повикува Хан да не дава погрешна слика за разговорите за името

Грчкото Министерство за надворешни работи (МНР), попладнево преку соопштение реагираше на изјавата на еврокомесарот Јоханес Хан повикувајќи го да престане да дава погрешна слика за преговорите.
– Го повикуваме комесарот Хан да престане да дава погрешна слика за преговорите кои, како што се покажува, не ги разбира. Најмалку што може да направи е да престане да ги поткопува – соопштуваат од МНР на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top