понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Македонскиот Меси е роден: Два гола за две минути – тоа го може само Барди (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Енис Барди го одигра полувремето од соништата во вечерашниот натпревар на неговиот Леванте на гости кај Атлетико Билбао, откако постигна два погодока во финишот од првото полувреме и тоа во рок од само – две минути.

Големиот талент обата погодока ги постигна од слободен удар од речиси идентична позиција, првиот во 42., а вториот во 44. минута, со прецизност на која би му завидел и Лео Меси. Благодарение на Барди, Леванте по првите 45 минути води со 2-1 во пресметката со големиот фаворит од Билбао.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top