среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 89 ново

Со растресени задници и сплет од чочеци низ тунел социјалдемократите тргнаа кон Европа (ВИДЕО)

Во свечена, повеќе свадбарска, и крајно европска атмосфера премиерот Зоран Заев го означи за отворен автопатот Демир Капија – Смоквица.

Новата автопатска делница, која е во рамки на коридорот 10, е дел од вкупните вложувања на Европската унија во транспортната инфраструктура на земјата, кои во изминатите неколку години достигнаа речиси 325 милиони евра.

-Поврзувањето е основен чекор за изедначување на нашите регионални стандарди со оние на Европската унија кон која нѐ водат сите патишта. Овој автопат е еден од нив и во буквална смисла. Овој автопат поврзува, и води кон ЕУ“, истакна премиерот.

На видеоснимката објавена на Инфомакс пластично е објаснето она што го изјави премиерот. Локалните социјалдемократи се погрижиле за европскиот дел на денешната свеченост, па ѝ придале свадбарски шмек. Викнале блех оркестар, па низ тунелот со растресени задници, со сплет од чочеци тргнаа кон Европа. Се фрлаале пари на музика, се паѓало во транс. Свадба

Погледнете дел од атмосферата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top