недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 69 ново

Сè, само цвеќе и бонбониера не – нови дечки, нови свадбарски обичаи

Веќе никој не се шокира кога ќе види на поканата за свадба „подарокот во плик“. Новите генерации носат и нови свадбарски обичаи. Младенците денес не сакаат цвеќе и бонбониери туку скромна донација во кутија за донации.

Цвеќето по свадбите се раздава по тетки, стриини, другарки и братучетки, па не е чудно и дома да се вратите со свеќето што сте го однеле на свадба. Истото ги снаоѓа и бонбониерите, па не чудете се ако за слава, роденден или обична посета од младенците ви се врати и бонбониерата.

Оттука, младенците се сетиле како да не дојдете со празни раце, а парите што сте ги планирале за комплетен подарок на свадбата, да ги потрошите.

На поканите за венчавка можете да прочитате дека младенците не сакаат цвеќе ниту бонбониера, туку парите кои би ги потрошиле за таа намена да ги донирате во корпа за донации. Првите кутии за донации остануваа празни, но откако сватовите го поднаучија трендот со задоволство ја полнат кутијата за донации. Некои сметаат дека тоа се прави симболично за добар почеток на младите, а некои едноставно не сакаат да се откажат од традицијата. Некои пак сметаат дека таквото назначување во поканата е навредливо.

Што мислите вие за овој тренд?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top