понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Врие во Ерменија, војската е на улиците (ВИДЕО)

Саргијан, кого Парламентот на 17 април го избра за премиер, денеска поднесе оставка по неколкудневните масовни протести против неговото назначување на оваа функција. Демонстрантите на улици излегоа поради спорна измена на уставен амандман кој во 2015 година извршната власт ја пренесува од рацете на претседателот во раце на премиерот. Именувањето на Саргсјан за премиер е дел од ерменската транзиција кон систем што намалува овластувања на претседателот и јакне премиерски овластувања додека критичарите сметаат дека таа измена на Саргсјан ќе му овозможеше доживотно да ја води државата.

Стотици војници излегоа на протестите во Ереван, Ерменија кои се одржуваат веќе 11-ти ден затоа што демонстрантите го обвинуваат премиерот за корупција.

Новоизбраниот премиер на Ерменија, Серж Саргсјан соопшти дека поднесе оставка, објави Ројтерс, а пренесува Алџезира.

Тој го направи тоа по неколкудневните масовни протести во главниот град на Ереван и другите градови во државата.

Ерменскиот парламент во вторникот го избра Саргсјан за премиер.

Тие се придружија на антивладините протести во Ереван денеска, обвинувајќи го Саргсјан за корупција и автократско владеење.

Како одговор на протестите, што се одржуваат веќе 11 дена, ерменското Министерство за одбрана соопшти дека ќе преземе „остри мерки“ против сите членови на армијата кои ќе учествуваат во демонстрациите.

Репортерот на Ал Џезира Робин Форестиер Вокер известува од Ереван дека таквите настани не се очекувале.

– Се објавуваат фотографии и видеа од војници кои одат низ главните улици на Ереван. Исто така, видовме и некои поранешни верски лидерина протестите – според Волкер.

Апсење на лидерите на опозицијата

Во неделата Никола Пашињан и двајца други опозициски политичари беа „притворени поради извршување на општествено опасен чин“, се вели во соопштението на државниот обвинител. На прес-конференцијата денес, владата го оправда апсењето на лидерите на опозицијата.

Движењето кое што ги организира протестите, на кои илјадници луѓе излегуваат на улиците, е составено од мрежата на поддржувачи на опозицијата кои сами се организираат, инаку изградена од Пашињан.

Како што известува Вокер, расположението меѓу демонстрантите е позитивно: „Двете страни ќе си ги следат потезите за да знаат што да прават понатаму“.

Демонстрантите го повикаа Саргсјан да поднесе оставка, наведувајќи ја корупцијата и стравот од олигарсите и авторитарното владеење.

Саргсјан беше именуван за премиер овој месец по десетгодишното вршење на функцијата претседател на државата. Тој претходно изјави дека нема намера да поднесе оставка.

Првиот вицепремиер на Ерменија Карен Карапетјан ќе ја извршува должноста премиер по оставката на Серж Саргсјан.

Одлуката е соопштена попладнево, по вонредната седница на Кабинетот на министри, со која претседаваше Карапетјан, се вели во соопштението на владината прес-служба.

Тој цитираше повеќе закони, меѓу кои и законот за структурата и овластувањата на Владата, според кој доколку премиерот е отсутен или е спречен да ги извршува неговите обврски, неговите работни задачи ги извршува првиот потпретседател.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top