понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Сведочење за „Тенк“: На стариот Мерцедес му закочи воланот на пат кон Водно, возилото излета од патот

– Ни изгаси возилото на пат кон резиденцијата накај Водно, се скина каишот и закочи воланот. Возилото излета од патот. Ако истото се случеше на отворен пат штета ќе беше многу поголема, рече четвртиот сведок на денешното рочиште кој бил во тимот на обезбедување на поранешниот премиер Груевски и на техничкиот премиер Емил Димитриев, а во дел од службата работел и како личен шофер.

На денешното рочиште сведочеa и други лица. Исказите на сите се во насока дека старите блиндирани возила не биле во добра состојба.

– Често имаа дефекти и по месец-два беа на сервис, баравме да се набават нови возила бидејќи постоечките не ги задоволуваа потребите, рече сведокот.

За новиот мерцедес сите сведоци изјавија дека го користеле и странски делегации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top