понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Новинар застрелан во главата додека пренесувал протести во живо (вознемирувачки снимки)

Новинар од Никарагва бил застрелан додека известувал во живо од антивладините демонстрации во земјата. Анхел Гахона ги пренесувал во живо протестите на својот Фејсбук, а додека опишувал како насилните демонстранти оштетиле банкомат, се зачуло пукање. Гахона бил погоден во главата, паднал на земи, а пријатели кои биле околу него притрчале на помош.

Не се знае кој пукал во новинарот, а весникот „Ла пренса“ соопшти дека престрелката била меѓу вооружени полицајци и групи кои се борат против демонстрантите.

Од средата во Никарагва се одржуваат антивладини протести.

против плановите на владата да ги намали пензиите и работничките права, а сето тоа предизвика голема криза во државата на чиешто чело е Даниел Ортега.

Црвениот крст проценува дека барем шестмина се убиени од почетокот на протестите, а локалните медиуми јавуваат дека има 25 мртви, меѓу кои и малолетник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top