понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 68 ново

Колумна на „Балкан-Хендбол“ по натпреварот Кил- Вардар која мора да ја прочитате

Можеби Везув ќе еруптира уште вечерва, може утре платите на Балканот ќе бидат 2.000 евра, можеби после тоа и Кил ќе го освои Скопје, но една генерална вистина во ракометниот свет на денешниот ден 22.4.2018 година гласи- единствено финале кое го заслужуваме на 27 мај во Ланксес Арената е Вардар- Парис Сен Жермен, пишува во колумната на Балкан-Хендбол.

Нема ништо случајно во ваквата победа на Вардар во најголемиот ракометен дом во Европа- во митската Шпаркасен Арена. Среќата, онака кажано, ги прати храбрите, но на таа вистина се осудени сите генерации новинари, и пред нашата и после, пишува во колумната.

Кога водечката бековска линија Борозан- Циндриќ- Кристопанс првиот гол ќе го постигне во 35 минута. Кога головите од контранапад практично не постојат. Кога вашиот противник ќе ве надигра во транзиција, испотепа во позиционен напад со секако невиниот Винчек, кога Арпад Штербик ќе остане во сенка на Никлас Ландин, обично и не морате да го гледате семафорот за да заклучите дека сте изгубиле!?, продолжува авторот на колумната.

Тоа со тимот кој го води Раул Гонзалес не е случај.

Ја нема таа бука од германските пензионери која влее „вода во уши“, нема губење на самодовербата и контролата. Нема играше на бранови, како што е тоа случај со „Зебрите“. Нема палење и гасење на Нилсон, Билик, Зарабец, вујин, веќе едно ниво под кое може да се отиде механички, но не и суштински. Вардар е машина која не прегрева. Се вклучуваат во соблекувалната, се исклучуваат на патот кон аеродромот, се вели во колумната.

Неверојатно е како секој поединец во Вардар, во секунда после својата грешка, знае каде и зошто погрешил. Таков степен на воиграност и познавање на својата работа од оваа група на играчи прави еден од најдобрите тимови во последната деценија. Има доста од нив кои не се светска класа и веројатно никогаш нема да бидат, но симбиозата на се, ги прави големи и против поголеми индивидуалци од нив.

Единствен адут на Кил за Скопје е утре да се разбуди Домагој Дувњак како она момче од 2013 година, да го поведе нападот и одбраната, да пресече пет топки, а 10 пати да падне од 3 метри висина на глава, да стане, истреше прашината и продолжи понатаму. Се плашам дека таков Дуле до крајот на оваа сезона нема да гледаме.

Од Вардар можеме да видиме уште многу. Ова не е се, не е 100 %… ,завршува авторот на колумната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top