среда, 15 август 2018 | Вести денес: 34 ново

Угол гол напаѓач убил три, а ранил четири лица во ресторан во Нешвил

Три лица се убиени, а четворица се ранети кога вооружен напаѓач отворил оган во ресторан во Нешвил, јави Фокс њуз. Напаѓачот, кој бил целосно гол, почнал да пука во ресторанот „Вафл Хаус“ во Нешвил во американската сојузна држава Тенеси, но еден од посетителите успеал да му ја земе пушката. Напаѓачот успеал да побегне.

Полицијата од Нешвил објави дека нападот го извршил 29 – годишниот Тревис Реинкинг од Мортон, во сојузната држава Илиноис. Засега нема други детали за мотивите на нападот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top