понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 113 ново

Груевски за автопатот Демир Капија – Смоквица: Комплетно беше завршен уште во мај 2017, досега по него ќе поминеа над 3 милиони возила

Пред свеченото отворање на новиот автопат Демир Капија – Смоквица кој треба официјално да биде пуштен в понеделник, почесниот претседател на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Груевски реагираше дека актуелната Влада сака проектите на претходното раководство да ги претстави како свои.

– Еден таков проект е градбата на нов автопат, автопатот Демир Капија – Смоквица, во должина од 29 км, инвестиција над 200 милиони евра. Автопатот комплетно беше завршен во мај 2017-та. Преостануваа две работи: изградба на контролен центар и преместување на еден далновод. Тоа е отприлика работа за еден месец. Ако имаш слаба влада, еве да речеме дури и три месеци. Во најлош случај, ова требаше да е готово и автопатот пуштен во употреба на крајот на август 2017-та. Досега по него ќе поминеа над 3 милиони возила. Олеснување и за товарните возила и патничките автомобили и за туризмот и за се. Но, не. Под разни измислени изговори, владата го пролонгира отворањето, за да кога Заев, Анѓушев и Сугарески ќе ја пресечат лентата, нацијата да има перцепција дека нешто и тие изградиле, коментира поранешниот премиер Груевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top