понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 68 ново

Приведен синот на Есма поради грабеж на нејзиниот Музеј

Еден од 47 посвоени синови на покојната дива на ромската музика Есма Реџепова, Симеон Атанасов, е приведен поради сомнение дека го ограбил нејзиниот музеј на скопската тврдина Кале

Тој наводно неколку часа поминал во полиција на разговор како обвринет дека има врска со кражбата на работите на Есма, од накит, гардероба, чевли, мебел, па дури и урната со пепел на нејзиниот сопруг Стево Теодосиевски.

„Полицијата дошла до сознанија дека синот на Есма имал клуч од музејот и дека со својата љубовница Елеонора ги изнел сите уникати во вредност од неколку десетина илјади евра, поради што истрагата е во тек. Тој смета дека наследството е негово, па со помош на тестаментот се обидел да присвои се, елиминирајќи ги сите останати деца. Имал намера да ја присвои и музејот, но државата тоа не го дозволила. Затоа одлучил преку кражба да дојде до богатството и решил да украде и собере се за себе“, велат блиски пријатели на семејството на Есма.

Според информациите на полицијата, првата кражба се случила по смртта на пејачката во 2016 година, а полицискиот увид во просториите е извршен на основа на барање на Фондацијата „Есма Реџепова“.

„ 30 март 2018 година, пријавено е дека од 12 декември 2016 година, до 30 март 2018 година, непознат сторител извршил тешка кражба во Музејот на Есма Реџепова, на улица Самоилова, па се превземени мерки за утврдување на одземените предмети и пронаоѓање на сторителот“, стои во соопштението на полицијата.

Музејот на Есма е под заштита на државата и многумина парично помогнале истиот да се среди. Меѓу нив е и семејството Клеопатра, која донирала дури 100.000 евра. Есма целиот свој имот, вклучувајќи ја и куќата во која се Музејот и Домот на Хуманоста и уметноста „Стево и Есма Теодосиевски“, во која живеела, во својот тестамент ги иставила на Република Македонија.

Есма Реџепова со сопругот посвоила 47 деца, а по неговата смрт и една девојка. Тоа што е тажно е што нејзиниот гроб речиси никој и не го посетува. Се е запуштено, а ни година дена по нејзината смрт никој споменикот не го подигнал. Дури и куќата во која живеела се претворила во дувло.

Извор: Репортер

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top