понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Оригиналниот трофеј на Лига Европа пронајден во Мексико

Министерството за внатрешни работи на Мексико соошти дека е пронајден трофејот на Лига Европа кој претходно беше украден во градот Леон, во централниот дел од земјата.

Како што пренесува АП, обвинителството на сојузната држава Гвајанато преку Твитер објави дека трофејот претходно бил украден од возилото со кое се транспортирал во Леон каде се одржувала градска манифестација. Покрај пораката преку Твитер е поставена и фотографија од србрениот пехар во кутија обложена со свила.

Пронајдениот пехар ќе му биде доделен на овогодишниот победник во Лига Европа на финалето кое ќе се одигра на 16 мај во Лион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top