понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Врие од полиција во Скопје – сообраќајна контрoла на секој чекор

Врие од сообраќајна полиција во Скопје вечерва. Полицајците се на секој чекот – неколку патроли има на булеварот Јане Сандански, патрола карши Тутунски комбинат во Скопје, на Јужен Булевар, во центарот на градот…

Вчера при спроведената акциска контрола на МВР за откривање на возачите кои управуваат возила под дејство на алкохол, полицијата санкционирала уште 250 други прекршоци како што се возење со поголема брзина од дозволената и др.

Денеска од МВР најавија дека полицијата ќе продолжи со вакви контроли, за како што нагласија, да се стави ред во сообраќајот и информираа дека набавени се нови 80 дрегери – апарати за проверка на алкохол кај возачите.

Од полицијата апелираат возачите да ги почитуваат сообраќајните правила за поголема безбедност на патиштата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top