сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 66 ново

Пет вкусни и здрави производи што треба да се најдат на вашата работна маса

На работното место може да ви се случи се – неочекувани состаноци, многу работа… Во такви ситуации, многу е важно да имате добар оброк што ќе ви даде доволно енергија и ќе ви го елиминира чувството на глад. Наместо брза храна, на работното место чувајте производи од кои можете да си направите вкусен оброк.

Леб од цело зрно пченица

Сендвичите се многу хранливи и брзо се подготвуваат. Лебот од цело зрно има многу заситени влакна, а помеѓу две парчиња леб можете да ставите било што и ќе добиете вкусен и лесен оброк.

Јогурт без маснотии

Ако во јогуртот ставите парчиња овошје и лешници, ќе добиете многу хранлив оброк. Купете поголемо пакување и дозирајте онолку колку што ви треба за да издржите до крајот на работното време.

Туна во конзерви

Конзервата со туна е богата со протеини и не бара никаков труд. Додадете малку мајонез или сенф за побогат вкус. Јадете ја со леб од цели пченични зрна.

Бадеми и путер од бадеми

Бадемите се одличен извор на протеини и добри масти, ќе ве држат сити подолго време. Во комбинација со јогурт и путер од бадеми намачкан на леб, има одличен вкус.

Овошје

Овошјето може да послужи за правење најразновидни оброци. Јогуртот ќе биде повкусен затоа што ќе му дадете благост и ќе му ја поправите текстурата. А замислете колку би било повкусно парче леб намачкано со путер од бадеми ако му додадете парче банана или јаболко.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top