среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 86 ново

Девојката што пушеше трева низ скопските улици: Не ми најдоа ништо, ме однесоа во станица без никаква основа

Девојката која завчера објави видео на кое пуши марихуана на улица во Скопје, а вчера беше приведена во Градскиот парк, на фестивалот „Конопфест“, сними ново видео откако беше пуштена од полициска станица.

„Ме уапсија без некаква основа. Налогот за претрес го донесоа отпосле“, вели Моника и тврди дека при претресот, кај неа не било пронајдено ништо.

Вели дека не е дилер туку активист и се бори за легализација на марихуаната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top