среда, 15 август 2018 | Вести денес: 19 ново

Изгоре бугарски автобус пред Деве Баир

Бугарски автобус со 46 патници кои патувале кон Македонија, синоќа целосно изгорел на патот меѓу Ќустендил и Граничниот премин Ѓуешево-Деве Баир.

Повредени патници нема, бидејќи сите навреме биле евакуирани и со друг автобус вратени во Софија.

Бугарските медиуми пренесуваат дека автобусот се запалил околу 18:30 часот, но причините не се соопштуваат.

Според првичните сознанија, станува збор за куса врска во електричната инсталација на автобусот. За време на пожарот сообраќајот на патот бил во прекин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top