понеделник, 15 октомври 2018 | Вести денес: 33 ново

Санчез го копираше голот на Меси со кој Барса против Јунајтед прослави титула во ЛШ (видео)

По првиот дел на „Вембли“ на натпреварот во полуфиналето од ФА Купот помеѓу Јунајтед и Тотенхем, резултатот е изедначен.

Натпреварот почна со интензивно темпо и голема офанзива на условно кажано „гостинската екипа“ која всушност игра на Вембли цела сезона поради реконструкција на „Вајт Харт Лејн“.

Иницијативата Тотенхем ја круниса со гол во 11. минута, кога во блиц криг акција, Деле Али беше најснаодлив и ја смести топката во голот на Давид Де Геа.

Подоцна по една грешка на играчите на Тотенхем, Погба умешно украде една топка од Дембеле и упати удар кон голот на Ворм, кој Санчез доста спектакуларно, со глава, од несвојствена позиција, го матираше голманот на Тотенхем.

Интересно е тоа што навивачите на Манчестер Јунајтед веднаш направија паралела на голот на Санчез, со оној на Лео Меси против Манчестер Јунајтед во финалето од ЛШ во Рим 2009 година.

Извор: Спортклуб

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top