понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Монструозно – Заев си поигрува со чувствата на родителите на убиените кај Смилковско езеро

Монструозна игра со чувствата на родителите на децата ки беа убиени кај Смилковски езеро. Низа лажења, низа ветувања, низа изјави и демантирање на истата. Денеска нова игра – премиерот Зоран Заев со изјава која сигурно не би им се допаднала на семсејствата на жртвите од Монструм.

Заев денеска изјави дека ќе се појави како сведок во случајот „Монструм“ доколку тоа од него го побара судот. Додека семејствата на убиените живеат во агонија, Заев застанува во одбрана на Невзат Бејта.

– Ако побара судот да бидам сведок и да кажам се што знам, тоа ќе го направам бидејќи тоа ми е граѓанска должност. Сите материјали, не само оние за „Монструм“ коишто сум ги поседувал, се е предадено, истакна Заев, одговарајќи на новинарски прашања.

Јавноста очекува конечни одговори за трагедијата. Изјавите на родителите на жртвите се срцепарателни, а односот на Заев кон нив сосема бесчувствителен. Во воздух лебди прашањето: Кој лаже, Заев или семејствата?

Таткото на убиеното момче Александар, во масакрот кај Смилковци, на судското рочиште за „Монструм“ побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот „Монструм“.

– На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи, рече тој.

Бараше Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница за да се соочи со родителите.

 

Таткото на убиениот Александар: Бејта разговарал со Азири, Заев знае кои функционери на ДУИ се замешани и уценува

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top