понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Кривична против полицаец за трговија со дрога, во неговиот дом најдена марихуана

Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(40) од Скопје, полициски службеник, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.
Како што информира МВР, на 19-ти овој месец при извршен претрес во неговиот дом пронајдени се 125 грама марихуана, како и семки од канабис. По извршеното вештачење на биолошки материјал земен од Ј.Ј., констатирано е присуство на метаболит на хероин во организмот.
Од страна на судија на претходна постапка од Основен суд Скопје на осомничениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди поведе дисциплинска постапка и Ј.Ј. ќе биде суспендиран од работното место до завршување на постапката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top