понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Јапонскиот балетан избега од Македонија, откако Алаѓозовски го остави гладен

Откако приказната на Кенто Терашита излезе во медиумите, по брза постапка, хонорарите за само неколку дена му беа исплатени од страна на Министерството за култура. Ова не беше доволно да го задржи уметникот кој дипломирал на Балетската академија во Минхен, а работел и во Народниот театар Белград и во Софискиот национален балет, да остане во Македонија, туку како попарен избега назад во Јапонија, пишува „Вечер“.

Јапонскиот балетан Терашита, ангажиран како надворешен соработник во Македонската опера и балет, пред десетина дена реши да го раскине договорот за соработка и да си замине од Македонија.

Неговото заминување се случи откако претходно на социјалните мрежи тој се пожали дека се наоѓа во тешка финансиска состојба поради неисплатени три хонорари. Имено, тој во својот статус истакна дека тешката економска ситуација во која се нашол поради задоцнетите хонорари се влошила откако се повредил и не можел да плати доктор. Како што тогаш додал, немал пари да ги плати и основните животни трошоци, како леб, вода, средства за хигиена, а исто така не можел да ја плати ниту наемнината за станот…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top