вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Зошто не се сеќаваме на настаните од детството?

Бебиња секогаш забораваат. Сеќавањата на новороденчињата се бришат со развојот на нови мозочни клетки, тврдат научниците, кои ги проучувале глодарите. Овие податоци даваат објаснување за луѓето кои не можат да се сетат на настани од раното детство.

– Ова е навистина фасцинантно. Никој пред нас не го проучувал ова, вели д-р Томас Инсел, невролог и психијатар.

Пред повеќе од 100 години, Сигмунд Фројд зборуваше за човечка тенденција да се заборават раните години од својот живот, нарекувајќи го тоа инфантилна амнезија. Научниците подоцна мислеле дека сеќавањата се чуваат со помош на јазикот, затоа што децата обично почнуваат да имаат долгорочни спомени од времето кога ќе тргнат на училиште, вели студијата ко-авторот, Шина Жозелин.

– Но најчудна работа е дека повеќето животни имаат инфантилна амнезија, и развој на јазикот не може да биде целосно објаснување, вели таа.

Инспирирани од набљудувањето на нивното дете, Шина и нејзиниот сопруг Пол, се запрашале зошто малите деца не можат да ги задржат сеќавањата за некоја ситуација или настан. За меморирање важен е хипокампусот, дел од мозокот кој се занимава со производство на нови клетки.

Синај и Пол заедно со тимот истражувале глувци, животни кои исто како луѓето имаат дамки во најраните спомени. Како стареат глувците, производството на неврони се забавува. Падот во производството на неврони се совпаѓа со способноста на овие глодари да ги запомнат тешките ситуации, велат истражувачите.

Научниците дошле до заклучок дека новите клетки произведени од страна на хипокампусот се виновни за фактот дека мозокот не може да памти во раната младост, затоа што новите клетки ги бришат старите клетки во кои се наоѓаат претходни сеќавања.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top