недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 69 ново

Одбиена жалбата, Фејзи Азири се врати во затворот во Штип

Со полициска придружба од скопската Клиника за пулмологија до штипскиот затвор, обвинетиот во „Монструм“ Фејзи Азири попладнево бил вратен во затворската келија, 50 дена по истекот на одобрениот прекин. Кривичниот суд ја одбил неговата жалба со која барал продолжување на прекинот од издржување на казната, информираа од судот.

Адвокатот на Азири, Насер Рауфи најави дека ќе ги известат Амнести интернејшал, Советот на Европа и сите други домашни и странски релевантни институции. Вели хоспитлаизиран човек кој беше на апарати се враќа во мизерни затворски услови а токму нарушено здравје е последица на времето минато во притвор, 6 години за случајот „Монструм“.

Директорот на штипскиот затвор Мики Тодоров, вели дека имаат доктор во затворот задолжен за здравјето на осудениците.

Азири издржува казна за друго кривично дело, назаконско поседување оружје. Како што информираа од судот добил прекин и бил пуштен од затвор на 30 јануари поради здравствени причини. Не се вратил на 1 март по што затворот го води како осудено лице во бегство и за ова го известил судот на 8 март. Азири беше лоциран на Клиниката за пумологија дури пред два дена откако медиумите известија за одлагањето на судењето за „Монструм“. Кој како требало да постапи надлежните се повикуваа на законите но на различни. Судот рече дека постапил согласно Законот за кривична постапка од затворот се повикаа на Законот за извршување на санкции.

Родителите на убиените момчиња на последното рочиште рекоа дека Заев како опозиционер им покажал транскрипт од разговор меѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта и обвинетиот Азири. Владиниот портпарол рече дека не се мешаат во работата на судовите, нема да кометнираат судска постапка која е во тек а сите материјали и докази се во надлежност на правосудството. Претохдно и Бејта и Ахмети не сакаа да го коментираат. Братот на Азири изјави дека тој е невин и сака да биде објавен разговорот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top