понеделник, 15 октомври 2018 | Вести денес: 21 ново

Хуманитарна изложба на Христина Тарабунова

На 29. април, „Интернационалниот ден на желбата“, во кафе бар „Излет“, ќе се оддржи втората самостојна изложба на младата и креативна Христина Тарабунова, која ќе се претстави со рачно ткаени парчиња мутави (черги) на еден сосема индивидуален начин, многу поразличен од традиционалниот.

Изложбата „13 причини зошто“ ќе биде од продажен карактер, а покрај Тарабунова ќе учествуваат уште 10 млади талентирани уметници.

Проектот е замислен како целодневна забава, а собраните средства ќе бидат донирани во фондацијата „Златна Рипка“ за децата болни од тешки болести од одделот Онкологија во Државна болница. Настанот ќе биде отворен за сите посетители, а влезот е бесплатен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top