вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 65 ново

Сосетката и рекла дека ќе се самоубие, па се заклучила во станот: Полицајците ја спречиле да ја допие солната киселина

Вчера околу 12.45 часот во Скопје, сосетката пријавила дека Ф.П. (54) откако се заканила дека ќе се самоубие се заклучила во станот.

Од страна на Противпожарна единица насилно била отворена врата и било утврдено дека Ф.П. испила неодредена количина на солна киселина, а била спречена од полициски службеници да го испие и преостанатиот дел.

Од страна на Итна медицинска помош е пренесена во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде и била укажана лекарска помош. Извршен е увид на местото на настанот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top