понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 68 ново

Групна тепачка вчера во Струмица: Летале тупаници, столици и секира

Вчера околу 15.00 часот во Струмица на улица “Славчо Стојменски” нарушен бил јавниот ред и мир со тепачка помеѓу Н.А., З.А., Ф.А. Г.А. и Р.А. од едната страна и К.М., А.М. и С.М. од другата страна.

Најпрвин започнала вербална расправија меѓу лицата, по што истите си размениле некоолку удари со тупаници, столови и дрги предмети меѓу кои и секира. Лицата се раздвоени од полициски службеници.

Дел од учесниците се здобиле со телесни повреди, додека С.М. е пренесен во Јавна здравствена установа – Општа болница Струмица за укажување на лекарска помош. По целосно документирање на случајот против лицата ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top