понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 68 ново

Светската рекодерка во маратон Пола Редклиф ги кани учесниците на Скопскиот маратон (видео)

Оваа година Виз Ер Скопски маратон ќе се одржи во недела, 6 мај со старт во 08.30 часот. На агендата повторно се маратонот, полумаратонот, штафетниот маратон и трката на 5 километри. Поради ефектот кој Скопски маратон го имаше во Македонија и пошироко оваа година светската рекордерка Пола Редклиф ќе биде промотор на маратонот.

Пријавувањето за трките на Виз Ер Скопскиот маратон трае до 27-ми април 2018 и остануваат уште само 8 дена заинтересираните да се вклучат на овој традиционален маратон. Оваа година во соработка со eventbaxx од Германија маратонот воведе дигитален стартен пакет кој ќе ги замени хартиените материјали со цел да се зголеми заштитата на животната средина. Сепак, во стартниот пакет, зависно на која трка се пријавени учесниците, се вклучени маици со лого од трката, стартен број со чип, дигиталниот стартен пакет од eventbaxx, освежување, онлајн диплома, осигурување од несреќен случај за време на траење на маратонот и подарок од партнерите. За повеќе детали и за пријавување може да се посети официјалната веб страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопскиот Маратон https://www.smartrace.club/.

Организацијата на Виз Ер Скопскиот маратон се реализира на високо ниво благодарение на помошта и поддршката од Град Скопје, Агенцијата за млади и спорт, Делегацијата на ЕУ, спонзорите и партнерите.

Виз Ер Скопски маратон би сакал да ги извести сите лица кои се заинтересирани за волонтирање дека повикот е сѐ уште отворен и дека може да се пријават на следниот линк: http://skopskimaraton.com.mk/volonteri

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top