недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 69 ново

Изгребаните „Ауди“ автомобили на Шилегов и сопругата ги нема во неговиот анкетен лист

Во средата вечер непознат сторител ги оштетил автомобилите на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов и на неговата сопруга, „Ауди А5“ и „Ауди Q5“. МВР во дневниот билтен вчера информираше дека на паркингот пред зграда на ул. “Хелсинки“ на возилото на пријавителката Ш.Ј. (49) извршено е оштетување на предното лево крило, предниот лев фар , предната и задната лева врата и задното крило, а кај второто возило оштетено е предното лево крило, предната лева врата, задниот лев штоп и задниот гепек.

Станува збор за нови модели на луксузни Ауди автомобили кои не се наведени во анкетниот лист на Шилегов како негов имот или имот на сопругата. Таму има податоци за моторно возило на брачен другар со вредност од 600 000 денари (околу 10 000 евра), заеднички имот – парични средство од околу 190 000 евра, 4 стана, куќа, уметнички и колекционерски предмети и благородни метали. Наведеното возило во анкетниот лист не е оштетеното Ауди кое е неколку пати поскапо од 10 000 евра.

Покрај целиот имот, не се наведени оштетените луксузни автомобили кои заедно вредат околу 100 000 евра. Станува збор за нови модели – „Ауди А5“ (спортбек) и „Ауди Q5“ со кои Шилегови неодамна се подновиле.

Автомобилот на таткото на градот, „Ауди А5“ (спортбек), во зависност од моделот на моторот и нивото на опременост чини од 42 – 53 илјади евра.

Неговата сопруга пак вози ново „Ауди Q5“ кое пак во зависност од моторот и нивото на опременост чини од 49 – 59 илјади евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top