понеделник, 21 мај 2018 | Вести денес: 94 ново

Полицијата објави видео од Принц, еден ден пред смртта: Бил потполно блед и изгубен (видео)

Блед, слаб и потполно изгубен-така Принц изгледал на 20 април 2016 година само еден ден пред да почине од предозирање, што е видливо на видеото објавено денеска од страна на полицијата.

Надзорните камери забелжале дека починатиот американски музичар во присуство на асистентот Кирк Џонсон и лекарот Мајлк Тод Шуленберг влегува во ординација, а видеото е пуштено во јавноста откако Марк Мец, обвинител на округот Карвер во Минесота во четвртокот потврди дека никој нема да одговара за смртта на Принц кој конечно и службено е окарактеризирана како несреќен случај.

-Едноставно немаме доволно докази било кого да го обвиниме за криминал, изјави мец. Тој заклучи дека музичарот мислел дека зема друг аналгеток, но поради забуна посегнал по пакетчето во кое бил Фентанил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top