четврток, 19 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Неготино ја покажа целата беда и суровост на образовниот систем

Михајло Маневски

Малиот град Неготино за само три дена ја покажа целата беда и суровост на образовниот систем во Македонија. Морничавата сурова крволочна слика од која се гледа дека две ученички ја кубеја, ја влечеја за коса и ја сравнија со земја нивна врсничка и сокласничка од Основно училиште “Гоце Делчев” од Неготино, не остави никого равнодушен.

И додека тој немил настан ја окупираше јавноста, од Италија дојде шокантна вест дека двајца ученици од гимназијата „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино биле оставени во сами во хотелска соба, а директорката на гимназијата заедно со нивните професори и соученици ја продолжиле екскурзијата во Франција! Ученици вршеле нужда во хотелските соби!?. Цели 15 часа траела агонијата на учениците и на загрижените родители и на оставените деца, кои се уште имаат трауми од целите случувања.

Двете директорки мора веднаш да бидат разрешени

Двете директорки мора веднаш да бидат разрешени. Доколку против директорката на гимназија „Св. Кирил и Методиј“ од Неготино не се покрене кривична постапка и не и се определи притвор, јавниот обвинител од Кавадарци веднаш да си поднесе оставка.

Каква душа имаше таа директорка и тие наставници, две деца во туѓа држава и во непознат град да ги остават сами и да ги изложат на огромна опасност? Ако директорката неможела да ги почека барем десет минути, зошто тогаш еден од наставниците не оставила да биде со децата? Какво е тоа однесување децата да вршат нужда во хотелска соба? На каков ужас биле изложени децата? Какво е тоа брутално постапување со две деца? На каков срес биле изложени нивните родители на кои дацата веднаш им се јавиле.

Што е ова што се случува во образованието? Наместо образование и воспитување, сведоци сме на еден хорор, на еден замрачаен воспитно образовен процес, тотално деградиран и дехидриран? Измесетени се сите параметри на елементарен однос ученик – насатавник, наставник-директор, ученик – родител – наставник – директор. Се е изместено, изместени се елементарните вредности на почитување и воспитување. Никој и никого за ништо не почитува, нема никаква хиерархија и одговорност. Се е релативизирано до бескрајни граници. Какви гаранции дава овој систем за иднината на образованието? За жал, резултат на сето тоа се овие морничави слики и трогателни вести, кои го згрозија општеството. Каде одиме?

Гледајки ја сцената на претепувањето на девојчето, човек мора да се запраша каква е таа суровост на деца од 13 односно 14 години? Ова многу наликува на суровата изјава на Зоран Заев дека “ќе јадеме живи луѓе” кога ќе дојдеме на власт. И еве тоа се случува. Во пустата желба за власт по секоја цена СДСМ и Зоран Заев долго време манипулуираше и ги злоупотребуваше учениците со некави средношколски пленуми, за фрлање на боја по објекти и насилие. Манипулираа со екстерното тестирање да не се “ мачат децата“. Ги вратија на сцена лажните петки, го осакатуваат образованието.

И сега после сето ова, како ништо да не се случило, МОН бесрамно наведува во соопштението дека Државниот просветен инспекторат ќе изврши увид во гимназијата и ќе ги даде своите препораки. Секако и на родителите им останува можноста за покренување постапка за одговорност на наставниците за нивната негрижа спрема учениците, додаваат од МОН.

Каква е ова лакрдија да се заташкаат случаевите? Што правеше досега МОН и Државниот просветен инспекторат да ги утврди сосотојбите и без одложување да ги примени законските мерки. Уште што треба да се случи па да реагира МОН и просветниот инспекторат?

Вратете го достоинството на учителот, достоинството на училиштето, достоинството на учениците и не манипулирајте со нив. Вратете ја довербата на родителите. Тргнете ја политиката во училиштата и не отпуштајте од работа прекрасни улители, наставници, професори и директори. Со тоа правите злостор спрема учениците, кога ги заменувате со партиски неспособни кадри. Цената за тоа ја плаќаат учениците и родителите.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top