петок, 19 октомври 2018 | Вести денес: 74 ново

Мицкоски: Целиот процес за името се води егзибиционистички и несериозно

Не само што опозицијата не е информирана туку и целиот овој процес се води егзибиционистички, преговараат преку пресконференции и нарачани рубрики во неделници, најчесто во земји кои што не се Македонија и Грција, што му дава еден вид несериозност на самиот процес, еве сведоци сме на последната рунда на преговори за која што повторно дознавме преку медиумите, а тоа е во Охрид, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неговото гостување во емисијата ЅИД на ТВ Алфа.

Тој побара од владата на СДСМ да се извини на опозицијата бидејќи ги манипулира граѓаните со изјавите дека опозицијата има информации за преговорите за спорот со името. Тој го повтори она што во неколку наврати го имаше кажано, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ не се вклучени во преговорите за името и немаат информации што точно се преговара и како се одвива целиот тој процес.

-Ставот на ВМРО-ДПМНЕ е јасен,недвосмислен и во неколку наврати кажан и од мене, а и од високите партиски функционери, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати промена на Уставот се со цел промена на уставното име на државата, додаде Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top