вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 65 ново

Мицкоски: Црната кампања и злоупотребите на чувствата на родителите на убиените од „Монструм“му се удираат од глава на Заев

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во интевјуто во емисијата „Ѕид“ на Телевизијата Алфа вели црната кампања, лагите и злоупотребите со чувствата на родителите на убиените во случајот „Монструм“, кај Смилковско езеро сега му се удираат од главата на премиерот Зоран Заев. Тој се надева надева оти многу скоро ќе биде потврдена првичната пресуда за случајот „Монструм“.

-Пресудата беше поништена, претпоставувам, повторно поради некои предизборни ветувања кои што на родителите на жртвите им е едно ветувано, а на овие кои се егзекутори, им е друго ветувано, рече Мицкоски, додавајќи дека злоупотребувајќи ги човечките чувствства може да се соочат со сопствената црна и темна кампања и тие ниски страсти, како што рече, ќе им се удрат од глава.

Тој потенцира дека на дневна основа може да се видат резултатите од злоупотребата на чувствата на луѓето во минатото.

-Одговорот доаѓа сега, неколку години потоа. Едно им се ветувале, им се презентирало, друго им се ветувало на другата страна, но во одреден момент вие морате да се соочите со реалноста, нагласи Мицкоски.

Вели дека во овој случај има многу дилеми, злоупотреби, ниски страсти, злоупотреби на чувствата на луѓето.

-Она што е трагично и траорно, никогаш повеќе вие не можете да излезете со легитимитет и кредибилитет и да тврдите нешто бидејќи често пати ветувате на повеќе страни, а истите тие ветувања понатаму не можете да си ги одржите. Во случајот на најниско ниво сте играле со чувствата на луѓето во најтешките и најболните работи, за најтешките и најболните нешта, посочи Мицкоски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top