четврток, 24 мај 2018 | Вести денес: 41 ново

Во Сирија пронајден хлор од Германија и димни бомби од Велика Британија

Контејнери со хлор од Германија и чадни бомби од британскиот град Солсбери пронајдени се во сириска Источна Гута, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

– Силите на сириската Влада пронајдоа контејнери со хлор, најсмртоносно хемиско оружје, од Германија, заедно со чадни бомби, произведени во градот, погодете кој, Солсбери во Велика Британија, посочи Захарова.

САД, Франција и Велика Британија на 14 април извршија воздушни напади врз сириски хемиски постројки поради наводен напад на сириската армија со хемиско оружје во Дума на 7 април

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top