недела, 27 мај 2018 | Вести денес: 69 ново

Избегнат дипломатски скандал со Косово

Премиерот на Косово, Рамуш Харадинај кој вчера дојде во во Скопје на регионалниот форум за дигитализација, можел да биде приведен на граница на барање на српските власти. Како и други поранешни припадници на ОВК на Косово, сега политичари, Харадинај е на листата на лица кои Србија ги гони.

Според Алсат-М македонските власти го симнале Харадинај од листата за приведување. Во саботата можел да се случи дипломатски скандал поврзан со претседателот на Косово, Хашим Тачи. Алсат објави дека телеграмата од Србија за Тачи била процесуирана од секторот за односи со Интерпол, во македонското Министерството за внатрешни работи. Скандалот бил откриен на време и одлуката Тачи да биде на листата веднаш е укината, иако делото за кое Србија го бара е геноцид. За такво дело, македонските власти, независно од билатералните односи со Србија, не може да го заобиколат почитувањето на законската рамка на Интерпол во која се вели дека е „Стрикно е забрането Организацијата на Интерпол да презема некаков упад или активност од политички, воен, верски или расистички карактер“ во нејзините земји членки.

Алсат објави дека за непромисленото процесуирање сега се води истрага од внатрешната контрола во МВР. Во телеграмата изработена од МВР се вели „Во случај на наоѓање, да се лиши од слобода, внимателно, и за тоа да се извести секторот во МВР за меѓународна полициска соработка“. За да избегне скандал, за неколку часа е пратена друга телеграма во која се вели дека „се забранува меѓународно гонење на претседателот Хашим Тачи, бидејќи за него се повлечени причините за гонење“. Ова го потврди и самото МВР.

„Моментално, против Рамуш Харадинај и Хашим Тачи нема активна меѓународна потерница. Тие можат слободно да се движат на територијата на Македонија“, велат од Министерство за внатрешни работи

Според медиумите, Србија има долг список на државјани на Косово кои се гонат за случувањата од пред 20 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top