понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 1 ново

„Куќа во која живее“, данок за 25 години починат, достава од Град Скопје и Општина Карпош

Деновиве во Скопје, Градот врши интензивна достава на решенија за плаќање данок на имот. Според Dosie.mk семејство добило три решенија за данок за ист имот. Во продолжение целата сторија за која dosie.mk има комплетна документација, а имињата нема да ги открие поради заштита на лични податоци и лични ствари.

Решенијата за данок се однесуваат на куќа во централно градско подрачје која е под надлежност за оданочување од општина Карпош. Данок на имот за куќата е испратен на име на првиот сопственик и неговата сопруга и наследнците. Од тука почнува чудната приказна и лавиринтот во кој се навлезени дночните обврзници.

Првиот сопственик на куќата е починат 25 години , но наследниците плаќале данок со негов матичен број. Тоа без проблем поминувало на шалтерите во Град Скопје , а Oпштината воопшто за сите години не ги ажурирала податоците на своите живи и починати жители. Имотот односно куќата ја наследува неговата сопруга која врши и откуп на дворното место, па така таа со наследно судско решение станува сопственик на имотот. Оваа ситуација е пријавена со комплетна пропратна документација на шалтерот во Град Скопје во славната прва барака , оној шалтер одма десно. По неколку години и Катастарот се смилува и ги внесува промените.

Но данокот не се менува постојано доаѓа на име на починатиот сопственик. Дури и во една ситуација со закана за присилна наплата. Наследниците проверуваат и со големи маки доаѓаат до новата фактичка состојба односно некнижен данок , платен, но не регистриран во Град Скопје.

Се решава таа ситуација и сопствениците односно сопругата добива нови решенија за данок , но по приватизацијата на земјиштето под куќата данокот од 2600 денари наеднаш расти на околу 10000 денари со детална поделба двор, куќа, гаража, тераса. Но данокот од 2600 пак си продолжува да пристигнува.

Починува сопругата имотот останува на наследниците кои
решаваат да го продадат. За да се реализира продажбата данокот мора да биде платен, инаку нотар нема да дозволи промена на сопственост, ниту впишување на новите газди во Катастар.

Дополнително наследниците плаќаат и 7000 евра данок на продажбата на имотот. Куќата е уредно одјавена новиот
сопственик впишан во Катастар, но стигнуваат три нови решенија. За починатот пред 25 години од 2600 денари, за сопругата почината пред 5 години над 100 евра и за наследниците. Решенијата се за иста куќа но со различна квадратура која е околу 5 квадрати а вредноста на проценката во документите за овие квадрати е скоро два милиони денари.

Во едното ја има во другото ја нема терасата. Вакви и случни решенија и опомени за неплатен данок од лани , за кои луѓето имаат уредни уплатници , а УЈП веќе блокираше сметки, масовно се испраќаат до граѓаните. Оние кои не разбираат трчаат позајмуваат пари и плаќаат, оние кои имаат време и нерви се на шалтерите во Град Скопје и во надлежната Општина.

На крајот интересно во решението на починатиот пред 25 години пишува дека треба да плати данок на имот за КУЌА ВО КОЈА ЖИВЕЕ !

досие.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top