вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Мигел Дијаз-Канел избран за нов претседател на Куба

Кубанското Национално собрание денеска го избра 57-годишниот Мигел Дијаз-Канел за нов претседател на Куба.

Дијаз-Канел, кој е досегашен прв потпретседател на Куба, на претседателската функција ќе го наследи Раул Кастро.

Дијаз-Канел и припаѓа на младата генерација на кубански лидери и важи за човек кој се залага за модернизација на земјата. Овој инженер по електроника, доколку биде избран, ќе биде првиот претседател на Куба роден по Кубанската револуција.

Сепак, аналитичарите не очекуваат дека Дијаз-Канел ќе инсистира на големи политички промени, имајќи пред вид дека е долгогодишен истакнат функционер на владејачката Комунистичка партија на Куба.

Актуелниот кубански претседател, 86-годишниот Раул Кастро, нема целосно да се повлече од политиката, бидејќи ќе остане лидер на владејачката Комунистичка партија до 2021 година, па се очекува тој и натаму да има влијание при носењето одлуки во државата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top