понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Сонувате секс со бившиот или дека умрел: Што значат соновите за бившите

Соништата за старата љубов се ретко пријатни. Вообичаено ви го расипуваат расположението. Но, неретко се случуваат. Зошто е така?

Одговорот го даде страницата DreamsCloud, откривајќи ги петте најчести сонови за бившите, како и научно поткрепено објаснување на секој од нив:

1. Секс со бившиот
Очекувано или не, ова е еден од најчестите сонови. Меѓутоа, ќе ве изненади податокот дека сексот со поранешниот партнер и нема толкава врска со него. Вам всушност не ви не недостасува бившиот, туку чувството на вљубеност.

Па, сонувајќи дека сте во постела со старата љубов, одново ги преживувате „пеперутките во стомакот“. Поточно – сензациите кога сѐ ви било ново и убаво. На јаве, пак, тоа може да ви го разбуди сосема друга личност.

2. Смрт на бившиот
Иако самиот сон делува прилично тажно и драматично, смртта на бившите партнери во суштина има мошне позитивна конотација. Тоа е знак дека конечно сте продолжиле понатаму со животот. Ваквиот сон е само одраз на вашата психа, која ви говори дека сте ја преболеле старата љубов.

3. Смирување со бившиот
Психолозите се децидни дека ниту овој сон нема негативно значење. Дури ни кога сонувате дека сте се смириле со лошиот екс партнер, којшто ужасно се однесувал кон вас.

Остварувањето среќна врска со бившите на сон, сигнализира дека личноста ги согледала сите лоши страни во односот што веќе не сте постои. Полека почнала да си простува на себеси што се задржала во една таква врска.

4. Домот на бившиот
Доколку го „обиете“ и „влезете“ во станот на поранешниот партнер, тоа е знак дека сте желни за одговори на прашањата, кои сѐ уште ги немате добиено. Зошто сте раскинале? Кој е виновен за прекинот на врската? Постоела ли можност да се спречи крајот?

Сите овие прашања може да ве натераат на сон да се вратите во домот на бившата љубов. Па – макар и скришум.

5. Очекување дете од бившиот
Сонот за бременост со поранешниот партнер, нема никаква врска со старата љубов. Напротив. Се однесува исклучиво на вас, навестувајќи дека во вашиот живот се раѓа нешто ново.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top