вторник, 22 мај 2018 | Вести денес: 0 ново

Преку 60 бендови на „Ентерфест“- најголемиот музички фестивал во Македонија

Организаторите на „Ентер фестивалот“ на денешната средба со новинарите најавија музички ураган , каков што немало досега на овие простори. Со озвучување од странство, на две бини внатре во „Борис Трајковски“ и надвор и  невидено осветлување на главниот град, од 29 мај до 2 јуни Скопје ќе биде домаќин на огромен број групи од Македонија, Србија, Хрватска, Косово…

-Од 29 мај до 02 јуни, на две сцени , надвор и внатре во спортскиот центар Борис Трајковски ,започнува  ново музичко доживување за љубителите на фестивалите . Повеќе нема да мора да патувате надвор од Македонија за да бидете дел од голем музички хепенинг, сето тоа во овие пет дена ќе го доживеете на ЕНТЕРФЕСТ, истакнаа организаторите.

Фестивалската  приказна која започнува во Скопје, во периодот кој следува  ќе продолжи да патува и низ регионот.

-Петдневната забава ,исполнета со многу гости од соседните земји но и пошироко ќе овозможат културата, урбаниот начин на живеење и позитивните вибрации да ги отргнат мислите од политиката и разговорите кои не оддалечуваат едни од други ,а  целта ќе биде исполнета кога соединети сите ќе пристигнат да ги проследат настапите на големите музички ѕвезди. Ентерфест ќе ги отвори можностите за кои изминатите години сите млади сонуваа, добра забава блиску до нив и вистинска фестивалска атмосфера, велат од „Ентерфест“.

1000 ангажирани лица ќе бидат дел од организацијата на фестивалот , со цел беспрекорно фунционирање и движење на поситителите, кои се очекува до достигнат бројка од 200,000. Врвната техничка опрема , специјалните светлосни ефекти кои ќе го осветлат цело Скопје, и звук каков што досега не е чуен на овие простори , ќе направат овие 5 дена Скопје да дише во ритамот на ЕНТЕРФЕСТ и тоа за само 990 денари за петдневен влез на фестивалот.

Билетите од денес напладне се во претпродажба од 990 денари.

Во продолжение листа на дел од учесниците на првиот ЕНТЕРФЕСТ :

Листа на изведувачи

  1. Тамара Тодевска
  2. Ера Иштрефи
  3. Масимо Савиќ
  4. Атомско Склониште
  5. Дадо Топиќ
  6. Партибрејкерс
  7. Ван Гог
  8. Игор Џамбазов и Гуру Харе
  9. Гоце Саф
  10. Опча опасност
  11. Марчело
  12. ПМГ
  13. Дивље Јагоде
  14. Ај Кју
  15. Земља Грува
  16. Кепурдхат
  17. Елементал
  18. Бени Нон Стоп
  19. Неверне Бебе
  20. Кербер
  21. Визија
  22. Конкуринг Лајон
  23. Бед Копи
  24. Дани
  25. ЕнБеКа и Твистер
  26. Кара
  27. Министерс Галери
  28. ДНК
  29. Кристина Арнаудова
  30. Севдах Бејби
  31. Ки
  32. Аутмајнд
  33. Викторија Лоба
  34. Теодора
  35. Ничим Изазван
  36. Агушеви оркестар
  37. Темпера
  38. Фолтин
  39. Но Нејм Нејшн

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top